Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата. Со предлог законот исто така се злоупотребува знамето на ЕУ, но не за да се усогласи законот до некоја ЕУ регулатива, туку само за скратување на роковите за постигнување на политичката цел на власта да ги дерогира стандардите за упис на Академијата, со директно мешање на претставникот на мин.Правда во испитната комисија. Затоа упативме и писмо до амбасадорот на ЕУ, г-нот Жбогар, за да даде одговор за ваквата злоупотреба, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антони Милошоски на својот ФБ профил.

Веќе станува јасно дека има кандидати кои се привилегирани и по основ на непотизам и/или партиска подобност се веќе сигурни дека ќе го поминат испитот за влез во Академијата, како синот на Претседателот на еден суд, ќерката на една обвинителка од ОЈО, снаата на една сегашна функционерка од СДСМ во Собранието, синот на Претседателот на едно правосудно тело, внуката на поранешна пратеничка од СДСМ (сега вработена во СЈО), синот на еден висок државен функционер на ДУИ, блиска личност на ген.секретар на владата, партиски адвокат од ОО на СДСМ од внатрешноста и други повластени кандидати за идни судии. Принципот на еднакви шанси при конкурирањето во Академијата е девалвиран, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.