Министерот за образование и наука Јетон Шаќири потврди дека имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг.

Пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“ Шаќири изјави дека на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.

Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири во одговор на прашање пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.