Седницата на Цебтралниотодбор на СДСМ следи неколку дена откако премиеротЗоран Заев ги разреши речиси сите претседатели на општинските одбори на СДСМ и во пресрет на најавената владина реконструкција. Аналитичарите очекуваат Заев да ја искористи меѓународната и домашната поддршка за операцијата „Метла“ и да ја реализира најавената владина реконструкција и смените во директорските фотелји.

Заев најави дека списокот со имиња на функционерите кои ќе си заминат како и причините ќе ги објави во првата половина од јуни. Се најавува дека ќе направи смени на осум министерски позиции. Канал 5, повикувајќи се на неофицијални информации објави дека на коалициониот партнер, Али Ахмети на последната средба минатата недела му предложил СДСМ со реконструкцијата да го преземе ресорот животна средина, а за возврат ДУИ да го добие министерското место во транспорт и врски.

Од друга страна пак, извори од СДСМ велат дека во Транспорт и врски влегува човек на Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.