Министерството најавува целосно ревизија на случајот со починатата стружанка заразена од корона вирус. Ќе се утврдува дали има лекарски пропуст при постапувањето со жената која починалачекајќи ги резултатите од тестот. Првите симптоми кај заразената се појавиле пред 4 дена, а починала вчера чекајќи да биде хоспитализирана. Заболената имала срцева и хрочнична белодробна болест и покачен крвен притисок. Со сопругот во изминатите две недели биле во домашна самоизолација поради контакти со еден од заболените доктори во Дебар непосредно пред воведувањето на кризната состојба.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

66 годишна жена од околината на Струга е четвртата жртва на корона вирусот во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.