Сашо Тасевски на фејсбук пишува:

За една партија на власт, од вчера македонските просветители Кирил и Методиј станаа само сесловенски.

Затоа им се брза на избори. Сметаат да победат на ист начин како во 2016. Значи на маса. На терен пак ќе изгубат, тоа го знаат. Минимум за два пратеника.

Се надеваат на она “повикај го пријателот во нужда” и ветена им е таква помош. Затоа брзаат. Им треба нов мандат за да го дораздадат по комшии она што остана од асномска Македонија. Значи јазикот и историјата. Им треба тој, каков таков легитимитет.

Во спротивно, ако изборите се оддолжат, знаат дека случајноста и времето може да донесат непредвидени и предвидени проблеми, па да не го исполнат она што го ветиле. Тоа би значело казна за некои меѓу нив што го прекршиле тоа ветување. Губење на власта и нешто пострашно.

Им треба таа победа на маса и за да заташкаат многу лаги и глупости што ќе излезат на површина до септември. Кога ќе се покаже целата недокваканост на нивното владеење.

Ја посакуваат таа пирова победа веднаш, за да можат од септември да почнат со стегање на каишот околу нашиот струк и околу вратот.

ЕУ ќе бара од нив да отпуштаат луѓе од администрација и да кратат плати. Ќе го правдаат тоа како мерки за штедење поради корона кризата. Како нешто со кое немаат врска, туку ете доаѓа од ЕУ и ништо тука не се може. Ќе има армија невработени и луѓе на принуден од пропаднати фабричиња и мали фирми, а веќе има.

Тоа за таа партија ќе значи, тонење во рејтингот кој и онака не е голем.

Затоа е брзањето. Затоа почнаа да се губат во ароганција и ултиматуми голем број од нејзините челници и министри. Знаат дека и утре да има избори, нема лесно да победат, а камо ли тие да бидат во септември.

Ароганцијата е секогаш маска зад која се крие страв и немање самодоверба.

За една партија на власт, од вчера македонските просветители Кирил и Методиј станаа само сесловенски.
Затоа им се брза…

Posted by Sasho Tasevski on Monday, 25 May 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.