И Битола денеска протестираше против најавените реформи во образованието. Илјадници луѓе излегоа на улиците спротивставувајќи се на промените кои се најавени, меѓу кои и дигитализација на учебниците.

Протестот беше организиран од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, а се одржуваше пред зградата на општина Битола, а овој протест беше и против најавата на министерката за образование, Мила Царовска, за дигитализацијата на учебниците.

На протестот, од страна на Никола Јовевски, наставник во основното училиште во село Кукуречани, беше речено дека тука се собрани како родители и дека не се ниту партиски поделени, ниту по вера, ниту по националност.

-Излеговме на протест против реформите на министерката Цароска, кои ќе го урнат целиот образовен систем. Протестираме за да се запре целосната дигитализација во образованието и целосниот нов концепт во основното образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.