Еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, оценува дека тоа што се случува со Македонија е потсмев и оти е неправда која државата не ја заслужува.

Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Македонија и следствено со Албанија, Кула вели дека „секој поставува услови за Македонија, без разлика на правата на граѓаните кои живеат таму“. 

Вистината е тоа, дека со Македонија, простете ми за изразот, сите се мајтапат. Кога беше историјата, Грција ги условуваше со името, овие другите ѝ го условуваат јазикот, Еди Рама вели дека е западна Бугарија, Србија ја условуваше црквата. Дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? Проблемот е што цела Македонија ја ставивме на средина и ја направивме како салата – вели Кула. 

Тој додава дека „проблемот е што ѝ се прави на Македонија“, и дали „македонската Влада ќе го прифати падот“, како и дека Албанија е жртва на ова и не треба да се условува. 

Бугарија го одобри францускиот план. Сега доаѓаме до делот каде што зборуваме за средината, бидејќи во Скопје има политичка дебата, а политичката дебата во Скопје од страна на премиерот е дека не го прифаќаат францускиот план. Повторувам, ние сме земени како заложници, за политичко прашање кое нема врска со Албанија, таа е жртва на ова и не треба да се условува. Ова е вистината, сакал некој да признане или не – посочува Кула. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.