Во судот денеска сведочеше поранешниот пратеник на ВМРО-ДПММЕ, Зоран Илиоски. Тој рече дека добил впечаток оти на 27 април 2017 година парламентарното мнозинство било решено да избере претседател на Собранието ако треба и спротивно на Деловникот.

На 27 април пред крај на работното време стигна барање од пратениците од СДСМ расправата да продолжи следниот ден. Потоа околу 18 часот претседавачот ја прекина седницата, објасни Илиоски.

И Илиоски како и Димовски рече дека тој ден немал комуникација со Јанакиески и Ристовски, додавајќи дека партијата не организирала превоз на граѓани од Битола за Скопје на 27 април.

Рускоска го праша Илиоски дали како што партијата ги поддржувала протестите „За заедничка Македонија“ ја подджувала и Шарената револуција.

Шарената револуција ја поддржуваше СДСМ, дали тоа значи дека беа организатори на протестите. Јас лично не ја поддржував Шарената револуција, возврати Илиоски додавајќи дека Немаше ниту план или одлука во партијата за насилство во Собранието.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.