Партијата на аболицираниот Зоран Заев сега прави аболиција на кодошите, потенцираше денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски во врска со предложениот  Законот за поништување на лустрацијата.

Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци. Со СДСМ, Македонија стана единствена држава во Европа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим, кои цели кариери изградија врз база кодошење на македонските патриоти, но и недолжни граѓани. Република Македонија е единствена држава во Европа, во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, за тоа ќе добијат и пари од државата, рече пред новинарите Илиоски.

Додаде дека СДСМ им овозможува на десетици кодоши кои зацрнија цели семејства, сега да добијат пари од буџетот, кој го полнат децата на некогашните нивни жртви.

Во ЕУ не се оди со остатоците од комунизмот преобразени во демократи. Соработник на режим, не може да биде демократ. Македонија наместо европска држава станува како Северна Кореја каде со декрет на Заев се простува тоа што го правеле соработниците на тајните служби. Законот кој што СДСМ го предлага е во целосна спротивност на европските вредности и демократските принципи и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи. Одговорност за кодошите мора да има. И морална и политичка, порача Илиоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.