Со зборовите „Ура за Автономна Македонија“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го започна илинденскиот говор во струшкото село Ташмаруништа. Како и лани, Мицкоски ја предводи делегацијата на ВМРО-ДПМЕ на празнувањето на Илинден во струшкото село каде што за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и регуларната турска војска во овој регион.

Илинденците и сето она за што се бореа е нашата света кауза поради која и постои ВМРО, и ова не се само обични букви, тоа е кодот на Македонецот преточен во слова зад кои има историска големина, и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација треба да знае дека пред се тоа му припаѓа на народот, на жените и мажите, на младите и старите, на православните, муслиманите, евреите и така ќе остане.

И ќе потсетам, супстратот на ВМРО секогаш биле западните идеи и кога многумина во 19 век зборувале за монархии, цареви и кралеви, ВМРО се формираше со идеја за република и поради борбата за слобода. Токму таа борба за слобода го калеше жезолот на слободата во која се вградени најголемите јунаци на оваа земја и затоа нашата слобода денес не е подарена туку тешко спечалена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.