Му дадовте улица на Борис Сарафов во Ѓорче Петров, а Сарафов го убил Ѓорче Петров, му рече синоќа сегашниот скопски градоначални Петре Шилегов на поранешниот Коце Трајановски, по што македонската јавност му порача да си ја повтори историјата:

Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907)
Ѓорче Петров (2 април 1865 – 28 јуни 1921)

За Богдан Илиевски, пак, има нешто пострашно од ова.

Не е страшно што не си ја знае историјата, не го интересира него историја, ниту пак му е проблем да лаже ако мисли дека му користи во моментот. Страшно е што не дообјасни дека Сарафов го убил Ѓорче лажејќи го да се вози по зиплајнот од Водно кој всушност е прикриен гасовод, па го спуштил изненадно во тунелот под Кале долг 500 километри нов автопат во кој го пречекале со чочек и го обесиле на сува јапонска цреша. А од црешите се прави убава ракија, вели Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.