Куќниот притвор за Катица Јанева и заканите на Вилма Рускоска низ очите на жртва на двете обвинителки – Богдан Илиевски.

Јанева знае што направила. Затоа и снимките од спроводот до дома беа такви какви што беа… како заморче пред камери комплетно обесчестена. Дури и човечка жал да те фати. Ќе видиме каков ќе биде процесот. Но колешка и која и даде 40 дена вољно пред да ја испраша и да отвори истрага, во кои 40 дена се губеа телефони, се форматираа компјутери итн… и колешка и која цела истрага за Рекет ја заврши на тројца, без да вклучи лица кои еклатантно се во најмала рака крајно сомнителни по признание на многумина преку исказите кои се појавија во јавност… истата таа колешка делува дека толку тешко и паднала одлуката на судот што, според тонот на моето неекспертско уво, звучи како да и било толку тешко што морала да седне некаде, на топло и со луѓе кои ќе ја услужат во тие тешки мигови. Да ја удави болката, да ја накваси тагата крута. Па после 4-5 служења на луѓето… дошол повикот од новинарот.

И таа сега, во претпоставената кревка состојба на духот и умот, најавува дури и финансиска истрага за судии кои отишле против нејната волја – нешто што не беше ни од далеку случај во други прилики кога луѓе на чуден начин беа пуштани на слобода “поради работни обврски”. Па ако на ВиРус и е крајно сомнително како колешката и е дома вечерва, мене ми е крајно сомнително нејзиното двојноаршинско реагирање на малтене исти ситуации. Но, не се сомневам во искреноста. Само искрен човек ја удавува тагата. А човек со удавена тага и моќ под прсти често не е урачунлив од професионален аспект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.