Дали Боинг, Ербас и сите други авиокомпании кога ги тестираат своите авиони задолжително мора да го поканат директорот на СОЗР, прашува Богдан Илиевски реагирајќи на скандалот со владиниот лирџет.

Дали на пробниот лет според протоколите на производителите и сервисерите на авиони во светот мора да се извесно лице ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ СО КОЛЕШКИ? Дали Боинг, Ербас и сите други авиокомпании кога ги тестираат своите авиони задолжително мора да го поканат директорот на СОЗР, лицето Пеце Мирчевски со колешките? Безбедни ли се патниците низ целиот свет кои патуваат со авиони кои не биле атестирани од Пеце Мирчевски? Размислува ли НАСА да го вклучи лицето Пеце Мирчевски на тестирања на вселенски летала, ако е неопходен за безбедноста на едно воздухопловно средство? Дали во Пеце Мирчевски се крие тајната за безбедни меѓупланетарни летови во иднината? Лицето Мирчевски ли е клучот за опстанокот на човештвото еден ден за милијарди години од денес кога ќе мора да се напушти оваа планета поради високи температури? Одговорите на овие прашања, веднаш по рекламите, пишува Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.