Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде хоспитализирана поради влошена здравствена состојба, беше соопштено денеска. Богдан Илиевски ѝ посака добро здравје, како што посакува никој никогаш да не стапне во „Шутка“.

Кога се притвораа луѓе со службени белешки, кога се измислуваа вили на Халкидики во кои ќе бегале обвинетите па беа враќани во притвор, кога се фалсификуваа извештаи дека „осомничениот не го нашле џандарите дома при проверка“ па го враќаа назад во ќумезот, кога се шетаа луѓе пред очите на нивните мали деца на секои месец дена на релација шутка-дома-шутка-дома-шутка, кога си играа мали семоќни Богови со судбини на илјадници луѓе (директно опфатени + семејства)… тогаш не беа болежливи, анксиозни и во сериозна состојба.

Ако има душа, гледајќи во што учествувала, верувам дека душата ја боли. Ако има душа, гледајќи како срдечно се сител на туѓите маки, верувам дека и него душата го боли, бидејќи мечката заигра и во неговиот двор. И ниту еден затвор, притвор не може да е поголема казна од тоа кога сфаќаш што си им правел на другите. Достоевски има кејс стади на оваа тема.

Него… И посакувам добро здравје пред се, како што посакувам никој никогаш да не го гледа оној ќумез, онаа штала за животни наречена казнено поправен дом, истата штала да се срамни со земја и луѓето кои оправдано ќе мора да престојуваат во објект за обезбедување присуство, да добијат услови и третман на – луѓе. Брејвик живее во хотел со седум ѕвезди, во споредба со нашите притвореници и затвореници.

А „раскољниковската казна“ е нешто што секој од нив, без оглед на судските епилози, ќе мора да ја сноси и да си ја расчистува сам со себе. И со Страшниот Суд. Не со овој на џелатчињата од ист калибар како гореспоменатата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.