Ова се вика преки суд, пресудата е донесена уште пред да почне процесот, реагира Богдан Илиевски за пресудата за поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, донесена по повеќе од деветчасовно рочиште.

Утринава имаше сведок во постапката! Значи беше одржано рочиште на кое сведочеше сведок. Сведочење кое треба да се сослуша, анализира, компарира со други сведоштва и материјални докази. Ама не… ова е Македонија.

 

Веднаш по сведокот денес имало и завршни зборови во кои страните ги сублимираат сведочењата и доказите според кои судот треба да анализира и донесе пресуда. АМА НЕ, ова е Македонија.

 

Доцна вечерва била донесена пресуда.

 

Ова се вика преки суд. Постапката е само шарада, про-форма, ради-реда. Пресудата е донесена уште пред да почне процесот. Нема потреба судијата да анализира и размислува, „размислено е“. Немало потреба да сведочи никој, особено не сведокот денес. Немало потреба ни од завршни зборови – од ништо.

 

Имало потреба само да се донесе пресудата, без оглед на околностите и фактите.

 

За ова се боревте, пишува Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.