Богдан Илиевски на социјалните мрежи се осврна на изречените казни и судството во Македонија.

За шамари кои не се случиле – 10 обвинети и 300 рочишта. За држење говор на протест, обвинение за тероризам. Кога обичен човек влече пратеник за коса, 4-ипол години затвор. Кога пратеник боксува обичен човек, опомена од судијата. Уште што не го натерал Курта во ќош да седи десет минути по казна. Халали бе судија.

Патем Курто им беше сакан и важен сведок и на ВиРус и на Злобрила, тврдеше дека Дурло го беше препознал тој маг од Шуто Оризари и му беше пратил луѓе да го турнеле со рамења при разминување! Додуша Курто рече седум пати дека “не е сигурен во тоа што (му рекле да?) го кажува”, но тоа се разбира дека не и пречеше на ВиРус до ден денес, на Апелација, да тврди дека овој опоменатиов несигурен тепач е релевантен сведок. Ама пак, на ВиРус и Злобрила ниту искусни лажови и местачи не им пречеа, напротив, не пак ваков шармантен искусен бијач како Курто.

Ова е тоа блесаво судство, отворено како црна дупка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.