Невиден скандал и криминал – вака просветниот директор Ѓорѓи Илиевски ја искоментира одлуката на Второстепената комисија за инспекциски надзор да му изрече дисциплинска мерка поради тоа што констатирал дека министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу незаконски напредувале во академската кариера.

-Најголемиот грев што ми го припишаа е што сум се јавувал кај медиумите и сум ја кажувал вистината во јавноста, за тоа што сум доставил допис до Антикорупциската комисија, за тоа што сум поднел кривична пријава до Јавното обвинителството, за тоа што сум оддржал средби со францускиот и холандскиот амбасадор… Ми велат дека не требало да одам во јавност без дозвола на директорот, а тој ми вика се треба да скриеш, со што би направил кривично дело. Наводно, сум го нарушил етичкиот кодекс и треба јас да одговарам за тоа што некој друг направил криминал – изјави Илиевски.

Тој додаде дека после оваа одлука очкува матичната институција да му изрече отказ, но најави дека ќе покрене судска постапка и, како што рече, да ја информира јавноста за сите наводи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.