Останувањето дома не е опција. Излези и гласај против ваквите потценувачи на твоето достоинство, разум, памет и паметење. Излези и казни ги изигрувачите на твојата доверба, манипулаторите со твоите емоции, луѓето кои мислат дека со сто евра ќе те купат и тебе и твоето достоинство. Против луѓето кои мислат дека плашејќи те со „враќање на Груевски“, ќе го сокријат својот најголем страв: паѓање од власт и одговорност. И по секоја цена и на секој начин сакаат ти да ги спасиш од нивните недела и неспособност, пишува на Фејсбук Богдан Илиевски, коментирајќи го билбордот на СДСМ.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои својот рекет, криминал, монтирани процеси, бандитски пресметки и корупција, лаги и неспособност, пред избори сакаат да ги покриваат плашејќи те со „враќање на Груевски“?!

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои мислат дека ако во изјава или спот кажат дека направиле 87192 километри автопат и дека ја решиле короната, ти ќе заборавиш на дупките по патиштата и на бројките од црните статистики кои ги гледаш секој ден.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои секоја година добиваат датум за ЕУ и градат по еден клинички центар, забораваат на тебе по земање на власта, а пред избори забораваат дека се власт и се однесуваат како опозиција.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои ги палат и кршат билбордите на кои се гледа нивниот срам, луј витон торбите и снимките кои „расцветаното правосудство“ не ги гледа.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои те лажеа за бројчаникот, Мерцедесот, 500 евра плата. Овие кои излажаа за Уставот, за името, за Гоце.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие за кои твојата волја не значи ништо, овие кои игнорираат референдум, носат закони на сила и на шверцерски начин и кои кријат што договориле со својот коалиционен партнер пред избори.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои лажеа дека ќе ги враќаат иселените, лажеа за „дознавање на вистината“ за Тамара, Нешковски, Младенов, Диво Насеље, Смилковско. Лажеа за фантомите, за коалицирањето со ДУИ, за студентскиот град. Лажеа за се.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои те потценуваат и мислат дека си обична машина без мозок и меморија, која работи на жетончиња и која ќе ја „испрограмираат“ со скапа, но празна пропаганда, па ќе ја „подмачкаат“ со сто евра месец дена пред гласање и ќе им ги заборави и прости сите лаги.

Ако останеш дома, на власт ќе останат овие кои си играат со човечки судбини за да пливаат во медот и не работат ништо освен на тоа како поуспешно да те излажат и изманипулираат. Да те поткупат и понижат.

Затоа, останувањето дома не е опција. Излези и гласај против ваквите потценувачи на твоето достоинство, разум, памет и паметење. Излези и казни ги изигрувачите на твојата доверба, манипулаторите со твоите емоции, луѓето кои мислат дека со сто евра ќе те купат и тебе и твоето достоинство. Против луѓето кои мислат дека плашејќи те со „враќање на Груевски“, ќе го сокријат својот најголем страв: паѓање од власт и одговорност. И по секоја цена и на секој начин сакаат ти да ги спасиш од нивните недела и неспособност.

Излези и гласај против ваквите измамници.

Излези и гласај за Македонија, пишува Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.