Од музејот велат дека бидеќи долго го имале делото во поставката, некогаш го менувале редоследот на платната. А, на официјалниот профил на националната галерија, делото е со друг редослед во споредба со евровизискиот спот.

Дури и да е така (да ги менуваат платната како ќе им текне), режисерот на спотот и сите тие кои работеле на него требало малку да помислат на сцената што ја прикажуваат, во контекстот во кој живееме.

А кога не се мисли, се посипува со пепел уметничкиот труд и воопшто „алалот“ кој требаше да го има македонскиот претставник на Евровизија.

Можеби една тетоважа ќе ги реши дилемите.

п.с. Жанета Вангели е голем патриот и интелектуалец, госпоѓа која ми е чест што ја познавам – пишува Богдан Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.