Коментирајќи ја математиката на премиерот Зоран Заев дека хеликоптерот тропи помалку пари од тоа со возило да стигне до Прилеп и Битола, Богдан Илиевски вели – не го заслужуваме овој предобар човек.

Добравечер граѓани на Нордистан. Добредојдовте во полицискиот час, ова се лекциите на денот:
1. Имаме хеликоптери кои трошат помалку од автомобили. Мислам дека мора да се воведе хеликоптерот како задолжително превозно средство за да се докаже штедливоста на нашите владетели.
2. Можеби и не сака да лета со хеликоптер, но кој го прашува, едноставно мора да лета за да ја исполни агендата – односно се жртвува за наше добро. Не го заслужуваме овој предобар човек.
Благодариме на вниманието, кажете три пати „Благодариме Зоране за се што трпиш за нас“ и продолжете со вашите животи, вели Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.