Се случи чудо! Дури и во вакви „трас-трас“ времиња Судот смогна храброст да постапи по закон, а не по желби произлезени од психички комплицирани состојби и ја отфрли тужбата на ВиРус против ВМРО поради нејзино споменување во спотови, коментира Богдан Илиевски по отфрлањето на тужбата на јавната обвинителка Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ од страна на судот, како неоснована.

 
ВиРус на почетокот на судењето доставила вештачење од невропсихијатар во кој се вели дека дека спотовите на ВМРО-ДПМНЕ (во кои се пронашла) и предизвикувале „анксиозност, загриженост, манифестирано со лутина кон тужените“. 
Поради тоа, #ВиРус бараше оштета од 10.000 евра со која веројатно ќе ја „излечеше“ душевната болка, а како пи-ар потег најави дека истата доколку ја добие ќе ја донира во СОС Детско Село (демек, ВМРО ми прави душевна болка, но јас ги тужам бидејќи сум хумана, а не бидејќи ги мрзам од дно на душа), пишува Илиевски.

Додава дека она што не се утврди на судењето се следните моменти:

– Дали душевната болка (+ анксиозност, лутина итн…) предизвикана од ВМРО започнала токму во моментот на појавување на спотовите – или таа психичка состојба на #ВиРус кон ВМРО датира од порано?
– Дали сите предмети кои ги води против (членови/функционери на) ВМРО се формирани пред или по појавувањето на психичките проблеми кон ВМРО?
– Дали со пресудата на судот да се отфрли тужбата и да не добие 10.000 евра оштета, психичките проблеми кон ВМРО ќе и нараснат?
– Дали ако СУД пресуди дека ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВО НЕОСНОВАНО гонел политичка партија, тоа не го доведува во прашање непристрасниот однос на обвинителот кон партијата, или чекор понатаму – деловната способност да ги води предметите против (членови/функционери на) ВМРО?
– Дали ако лекот за психичките проблеми бил 10.000 евра тие ќе запреа во моментот? Или потребна е и некоја друга терапија? Дали се користи терапијата? Дали под терапија ги работи предметите против ВМРО или има земено боловање до наредната психијатриска евалуација?
– Дали ако лекот е 10.000 евра, ако добие 10.000 евра од друг субјект нема да биде лута кон него и ќе го доживува без лутина и без болка, туку со емоции како радост, симпатија и поддршка?

Конечно, додава Илиевски одиме на изјавата на нејзиниот адвокат Панче Ефтимов од денес кој, коментирајќи го отфрлањето на тужбата на ВиРус против ВМРО, вели: „Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ за јавна критика и сарказам, произлегува дека сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие што го избрале и уште го држат за уши“.

– Дали изјава на правен застапник на ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ дека сваровски судии се држени за уши и не може да пресудат против политичка партија, која е изјава прикладна на портпарол или функционер на СДСМ, а не на адвокат на „независен и објективен“ ШЕФ на обвинителство, значи дека обвинителот е „во војна“ со ВМРО-ДПМНЕ? Каде е тука начелото на непристрасност и објективност?
И наједноставно прашано:
– Дали самата тужба на обвинител кон партија која ја критикувала работата на обвинителот илустрирајќи ја како политизирана, не е ДОКАЗ за исполитизираноста? Дали изјавата на шефот на обвинителство преку својот адвокат која наликува на изјава напишана во штабот на СДСМ, не е доказ дека „има нешто гнило“ во македонскиот правен систем?
Многу прашања на кои одговорите, верувам, дека многу добро ги знаете, коментира тој.

СУДСКИ ДОКАЖАНО: ШЕФИЦАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕОСНОВАНО ГО ТУЖЕШЕ ВМРО-ДПМНЕ, ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ #ВиРус ОСТАВКА ПОРАДИ ЛОШО…

Gepostet von Богдан Илиевски am Dienstag, 13. Oktober 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.