Од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, а истовремено ние да ја признаеме нивната реалност во моментов, рече шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, со што додаде оган врз последните уцени од Бугарија кон Македонија.

На оваа нејзина изјава бурно реагираше и Богдан Илиевски.

Захариева, МНР на Бугарија и другарка на нашево тесќере Димитров вели: „Македонија треба да ја признае историјата, ние реалноста”. Демек, тие ќе прифатат дека Тито и коминтерната нè измислиле во 1945-та, а ние да се согласиме дека пред 45-та сме биле Бугари кои зборувале Бугарски јазик. Ако не – нема ЕУ.

Е, ОВА ГО ПОТПИШАА И Е ЗАСЛУГА НА ЗАЕВ, НИКОЛА ДИМИТРОВ И ОСТАНАТИТЕ ЏУКЕЛИ КОИ ОВОЗМОЖУВААТ НА ИСКУБАНИ КОКОШКИ ДА НЕ МОЧААТ СИТЕ ВРЗ ГЛАВА, порача Илиевски преку „Фејсбук“.

Според него, ништо од ова немаше да биде можно без поддршката од луѓето кои мижеа пред предупредувањата дека ќе дојде до ова.

Не дека може да дојде, туку дека ЌЕ дојде. Нема подобар одговор на ваквите фашизоидни идеи, поддржани од домашните квинслинзи, од зборовите на Бугарскиот ПРЕМИЕР Георги Димитров кој во 1934-та, значи “11 години пред да не измислат”, напишал:

„МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ ИМА МНОГУ НЕПРИЈАТЕЛИ, НО НАЈЛОШ Е БУГАРСКИОТ ИМПЕРИЈАЛИЗАМ И ФАШИЗАМ”, напиша Илиевски.

Потенцираше дека не може да сме ниту добри соседи, а не дај боже „Братја” со луѓе кои не признаваат дека постоиш и ти ја уценуваат иднината со прифаќање на нивните фашистички идеи, поддржани од Заев, Димитров и нивната АНТИМАКЕДОНСКА БАНДА.

Но, добрите вести се дека ниту сегашната власт во Бугарија која уценува и сака да не избрише од историјата, ниту домашните предавнички лингури, ги претставуваат граѓаните на Македонија и Бугарија кои навистина може да се добри соседи ако не бараат едни од други да се самоизбришат и да ги понижат.

Реалноста е дека пријателството е можно, без да си наметнуваме историја и да се уценуваме од позиција на сила со фашистички идеи, порача Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.