Го заболе што вие се вознемиривте, ве познава добро и знае како ќе ве купи, вели Богдан Илиевски по инстервјуто на Зоран Заев за БГНЕС.

Океј, после насловот ајде да ви нацртам што се случува – Заев во моментов е соочен со избор: или да прифати што бараат од него разјарените неразумници од Софија, или да остане запаметен како човекот кој потпишувајќи го договорот со Бугарија во кој има историски комисии, стави крај на европскиот сон на Македонија (бидејќи и кога го потпишуваше, не мислеше многу многу, како и на денешното интервју), вели Илиевски.

Ако се случи второто, додава Илиевски, тоа ќе значи крај на неговото владеење и политичка кариера, а веројанто и подолг одмор на неговите блиски соработници од доближување до власта во Македонија.

Може да значи и одговорност и излегување на многу „крокодили“ од плакарот. И бидејќи за него не е опција да се откаже од власта, останува само едно нешто, што нему и му е најлесно: да направи сè што е потребно, за да остане на власт.
Притоа, не му е тешко да каже дека Југославија нè разделувала со Бугарија, бидејќи не му е гајле што во моментов ќе се скара со десетици илјади југоносталгичари во Македонија, што ќе ја урнисува историјата и жртвите, што ќе му се налутат сите освен бугарските националисти. Како што не му беше гајле кога во Србија велеше дека Косово е срце Србије, а кога отиде на Косово ја фалеше независноста им и си одеше по дома со Харадинај. Едноставно, човекот нема идеологија и долна граница, вели Илиевски.

Додава дека Заев сака само моментално да го реши проблемот и после со купи-ден-помини трчилажи политики да се вади од канализацијата во која зацапал, на крилјата на лековерните му поддржувачи во кои најмногу верува и ужива да им збори како rezzimot na gruefski e zloto i nesmee dago vratime so mickoski, бидеќи само Заев може да донесе живот, чист воздух, 500 евра плата и да го продаде мерцедесот додека врти бројчаникот.

Дојде на власт како човек кој кажал дека не го личи него и СДСМ да водат политики на патриотизам и дека треба да се свитка кичма за името. Го гласавте бидејќи ве лажеше и за други работи. Во очи и без срам. Знаевте и молчевте. Игнориравте. Го смени името, пак го гласавте. Го потпиша договорот со Бугарија, пак го гласавте. Ви ветуваше брда и долини, гуг’ли и фејсбуци, 3 милијарди пред овие избори, бројчаници, мојчаници, живот, блесоци и правда.
На крај ве доби со gruefski dane go vrati me и со бончиња од по три хиљада денара. Па, вие кои се крстевте во него апсолутно го заслужувате. Ние, другите и нашите деца, не го заслужуваме.
И ако има Бог, правда и малку (БАРЕМ МАЛКУ) ум и акал во овој народ, ако има минимум достоинство и разум, во првата наредна прилика оваа црна дамка на македонската историја, ова темно петно кое го голта разумот и го вади преку дебело црево во форма на вакви интервјуа, оваа национална катастрофа и најголем срам ќе заврши и ќе биде нешто од кое ќе мораме да се срамиме, за да не се повтори.
За таа цел се молат сите со функционален мозок да се активираат и ангажираат во насока на оваа должност на секој разумен Македонец, без оглед на народноста на која припаѓа, социјалниот статус, вера, род, социо-економски статус, омилена боја, културолошка припадност и, што би рекол гласаниот Заев, „или слично, порача Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.