Дека ова е неселективна правда е приказна за мали деца и фарса, бурно реагира Богдан Илиевски за новите информации во врска со обвинението против Катица Јанева, која ја сомничат само за 5.000 евра примена награда.

Фарса, дефиниција:

 

На 8 милиони планиран рекет во кој она е клучна ја сомничат за 5000 еур! награда (и тоа во мебел 🙂 ) што носи казна ДО 5 години, бидејќи е обвинител, неосудувана, бла, бла.

 

Ќе добие 1-1,5 години. Втора инстанца ќе и ја укине или промени во условна. Во меѓувреме ќе и одземат пасош и ќе и го накршат.

 

Ова ќе застане тука, без Фрикишики, а на контра за баланс во вселената ќе приберат 10+ од спротивен табор за накриво гледање и погрешно мислење.

 

Така да, точно е едино дека СЈО замина заувјек, реално. А дека ова е неселективна правда е приказна за мали деца и, да повториме, ФАРСА.

 

Но, ко и секоја фарса, ќе заврши, вели Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.