Јас открив невиден образовен криминал, ова денеска што го открива „Веритас“, издание што е, на овие професори од универзитетот во Тетово на медицинскиот факултет, а нема само на медицинскиот факултет има и други, овде треба сега државниот просветен инспекторат т.е. довчерашните мои колеги и новиот директор да не спијат. Треба веднаш од државниот просветен инспекторат да појдат и да се откријат овие работи. Бидејќи вакви состојби имаме не само во универзитетот во Тетово, туку и на други универзитети – истакна Ѓорѓи Илиевски, поранешен просветен инспектор.

Илиевски додаде дека особено со приватните универзитети се штанцаат дипломите, а за тоа министерството молчи.

Ова сега што се откри е еден голем скандал. Ако сме нормална држава, а не сме, ректорот на овој универзитет пот итно треба да си поднесе оставка. Ова е голем срам за универзитетот кој што е државен, и кој што добива државни пари – рече Илиевски.

Илиевски посочи дека деновиве ќе се открие уште еден голем скандал исто на медицинскиот факултет, каде што деканот на медицинскиот факултет не сака да го послуша ректорот да поминат 10 докторанти.

И сега ако не гледа директорот на државниот просветен инспекторат, ако не гледа министерката, ако не гледа премиерот под итно треба ова да се испита и да се одговара – нагласи Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.