Богдан Илиевски ја коментира изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно за тоа што власта не успеала да набави вакцини против корона вирусот.

АУ СИНЕ! Конечно!!! ВМРО било криво и за тоа што не успеале досега да набават вакцини. Ќе ги имавме, но режимот на Груевски кој го срушија со пенкало им отежнал да набават вакцини. Не е „експериментирањето со граѓаните“, не се проблемите на производителите, не е законот во собрание, туку ВМРО им е криво!

 

Секогаш кога човек ќе помисли дека не може да се надминат, се надминуваат. А, шефот негов денеска дознал дека набавката на вакцини не била геополитичка туку суверена работа на секоја земја, откако со месеци е одбивано да се обратат за набавка на Спутник 5/В со 91,6% успешност.

 

* Ќе пишев АУ СИНЕ ПА ТИ СЕ БОДЕШ, ама не се боде пошо ВМРО не му овозможило – коментира Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.