Вработените во СЈО пишале писмо во кое замолуваат да не бидат шутнати на улица по крахот со Катица (во суштина, веројатно договорено е сите да бидат насекаде преземени, но писмово е алиби врз основ на кое ќе постапуваат органите, демек, ете, побараа луѓето, па дај да им помогнеме).
Прво и основно, јас не знам зошто замолуваат, кога писмо од СЈО има статус на наредба. Треба само да му наредат на Љубо и он ќе покаже спремност да ги преземе, да даде пола на ВиРус, пола на другите…
Второ, после скоро 4 години и веројатно 16+ МИЛИОНИ ЕВРА од даночните обврзници на Република Македонија, пари од народот, мои и твои пари, тие писмото го адресираат прво до три амбасади, а потоа и до домашните институции. Како амбасадите да им се стопани, а не Република Македонија. Како амбасадите да ги плаќаат, а не данокот кој го плаќаме сите 😉
Трето, самиот факт што го адресираат писмото прво до три амбасади, а после до домашните институции, говори доволно и за нив, и за Македонија денес.
Четврто, го завршиле писмото со „нека правдата победи, макар и светот да се распадне“. Покрај нивната идеја за правда, покрај Божјата… има и една – „поетска“. И во поетската, доблеста е на крај наградена или порокот е казнет. Ако СЈО раководено од Катица сега биде наградено, значи дека… уште не дошол крајот
Фејсбук статус на Богдан Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.