Специјалните обвинители треба веднаш да сносат одговорност и да си поднесат оставка, а доколку не си поднесат оставка, тогаш Љубомир Јовевски веднаш да ги суспрендира и да бидат разрешени, смета адвокатот Тони Менкиноски, кој во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на „Алфа ТВ“ дебатира за огромните надоместоци кои се делеле во Специјалното јавно обвинителство.

Надоместоците морало да бидат само 35% од износот на платата која ја примале, согласно законот за СЈО, законот за јавнообвинителска служба. Платата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по закон е најмногу 10% пониска од платата на републичкиот јавниот обвинител, а на другите обвинители платата им е на ниво на јавните обвинители од организиран криминал. Максималната плата на Катица можела да биде 90.000 со сите надоместоци, а на другите 76.000 денари. Оваа област е покриена законски, и ова е садистичко однесување. Овде имало свесно прекршување на законот, веднаш да си поднесат оставка и да ги вратат парите назад, порача Менкиноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.