Четири дена Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде бараат итна оставка од министерот за внатрешни работи.

Спасовски е во заблуда, ако мисли дека со поминување на одредено време ќе се заборави за кражбата на оружје од охридската полиција. Тој мора да каже кој го украл, колку оружје е украдено, но и пред се како беше можно да се украде оружје од полициски магацин, и тоа со денови да не се расветли, бараат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, од молкот на Спасовски се извлекуваат само два заклучоци – или Спасовски е неспособен и не знае како да и признае на јавноста дека е неспособен и не знае каде е оружјето или тој е во коалиција со криминалците кои го украле оружјето.

Украденото оружје е доволно за вооружување на цела единица. Покрај муниција, украдени се и рачни бомби и гранати. Доколку владата и МВР продолжат да молчат и да не преземаат ништо, тие само им даваат дополнителен мотив на криминалците да продолжат со истите активности и на други места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.