Новинарот Александар Чомовски, кој работеше во 1ТВ, во гостување на радиото Канал 77 вели дека не знаел дека неговиот менаџер бил под посебни истражни мерки неколку месеци.

Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично, вели Чомовски.

За мене е фрапантно еден Камчев кој е синоним за успешен бизнисмен во Македонија дека може да се уплаши од Боки 13, освен ако не е свесно диригирана играрија, додава Чомовски алудирајќи на тоа дека многу помоќни луѓе се во игра во случајот „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.