Додека Правда, МВР и Управата за санкции си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за бегството на осуденици поврзани во политички контекст, Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, се уште не е лоциран од полицијата иако телевизија Алфа објави дека тој најверојатно се наоѓа во Холандија.

Специјалецот Спасов е седмиот за две години откако СДСМ  е на власт кој успеал да ја напушти државата, а досега одговорност не понел никој за ниту еден од бегалците.

Вината си ја префрлаат полицијата, судот и затворите.

Наскоро пак се навршува една година од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Надлежните засега не утврдија како ја напуштил државата. Нагодувањата се движеа од тоа дека бил киднапиран, па дека преправен во жена сокриен во багажник влегол во АЛбанија за на крајот премиерот Заев да изјави дека бил слободен човек, кој слободно се движел и ја напуштил државата.

Унгарскиот врховен суд одби да го испорача со образложение дека во македонија нема клима да му се суди правично.

Канцеларијата заклучила дека, доколку се врати во Македонија, Груевски ќе биде изложен на прогон од страна на власта поради неговите политички активности, пишува во образложението на унгарските власти.

Бегалци од правдата кои се бараат со потерница се и Никола Војминовски, кој се бараше да одговара за обид за убиство на Зијадин Села од собраниските настани на 27 април.

И Дејан Давидовски Дешо, кој избега во Шведска, е обвинет за 27 април. Крајната оценка на шведските судови за овој предмет е дека не се води фер и законски основана пocтапка. Поради тоа cyдот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за aзил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.

За судските власти недостапни се и поранешните началнци во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски, кои се наоѓаат во Грција и нема да им бидат испорачани на македонските власти, бидејќи и грчките судии го делат истото мислење со унгарските и шведските – грчкиот Врховен cyд го ooдби барањето на македонскотo Mинистерство за правда за екстpaдиција на Грујоски и Бошкоски со образложение дека во земјава нема услови за фер судење.

Тука е и Волфганг Гампер, управителот на „Секјуриком“ од Австрија, кому требаше да му се суди за наместен тендер за одржување на Владата. И додека полицијата го бара со меѓународна потерница, газдата на „Секјуриком“ на државната австриска телевизија ОРФ и од Салцбург обвини дека актуелната македонска власт му изнудила пари.

И во кратко интервју за БИРН Гампер ги потврдува обвинувањата кон власта предводена од СДСМ. Тврди дека го рекетирала.

Ми ветија дека ќе го запрат судскиот процес, ќе ми го вратат пасошот и нема да ме уапсат. Исто така рекоа дека може да учествувам на новиот тендер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.