Докторот Игор Г. Николов го прозва министерот Филипче преку социјалните мрежи и го повика на дуел.

Ајде Министре Венко Филипче излезете на дуел, па да поразговараме за какви тоа мерки и подобрувања на здравствениот систем му направивте последниве 3 години.!

Да објасните како сеуште немаме ниту проект ниту план за нов клинички центар, а стариот го запустивте да се распаѓа.

Да ми објасните, како го надградивте МојТермин во ВицеТермин, и зошто пациентите и граѓаните не можат да добијат термини?

Да ми објасните, како тоа инвестирате во хуманиот капитал, а луѓето ги делите според проценти кои Вас ви паѓаат од ракав, некому 25%, некому 20%, некому 5%, во зависност од тоа како Вас ви текнало. И како тоа во до Октомври 2019 година, заминале најмногу доктори од сите последни 10 години до сега.

Да ми објасните, дали и Општа Градска Болница 8ми Септември, сакате да ја претворите во ЈПП, дали по примерот на детската кардиохуиргија???

Да ми објасните, и покажете кои се тие специјалисти што земаат 100 илјади денари плата?

Да ми објасните, каде го паркирате министерскиот автомобил во кругот на Клиниките Мајка Тереза.

Имате многу работи да објасните Министре, многу…, напиша Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.