Оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвиненијата за случувањата од 27 април. Денеска Кривичниот суд донесе одлука со која тој се ослободува од кривичното дело тероризам кое им се ставаше на терет.

Трошоците за постапката која се водеше против него, за неговите адвокати, оди на терет на Буџетот на Република Македонија.

Дополнително на ова, Дурловски помина и период во притвор, за што има право да бара отштета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.