Оперскиот пејач Игор Дурловски и македонската пејачка Андријана Јаневска во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија ја препееја легендарната песна на Пепи Бафтировски, „Заветна“. Музика за оваа песна е на Миле Барбаровски, а текстот на Ѓорѓи Барбаровски. Новиот аранжман е на Јаневска, а песната е снимена во студиото Гиновски.
Пепи Бафтировски првпат ја запеја „Заветна“ во 1991 година, оригиналениот аранжман е на Миле Барбаровски.

Предвечерие на 8ми септември. Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил, споделувајќи ја песната која ја исполнува заедно со пејачката Андријана Јаневска.

Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Јаневска.

Заветна

Негде ќе те премолчат
негде ќе те сокријат
гроб со гроба ќе покријат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
така е пишано, ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.
Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
Така е пишано, сестро
ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.

Може да те одречат
други да те предадат
можат сешто да измислат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.