Професорот Зијад Беќировиќ, еден од првите луѓе на Институтот за блискоисточни и балкански студии добива нула денари за советување на Владата, а неговиот ИФИМЕС – илјада евра месечно, објави телевизијата „Алфа“. 

Господинот Зијад Беќировиќ е платен нула денари. Про боно е ангажиран како советник. ИФИМЕС е ангажиран за 1.000 евра месечно. ИФИМЕС е познат институт на регионално ниво, доста кредибилен институт, изјави премиерот Зоран Заев.

Има ли докази за тоа? Постојат ли договори одделно со ИФИМЕС и одделно со Беќировиќ? Телевизијата „Алфа“ официјално ги побарала од Владата, но до објавување на текстот, тие не добиле одговор од Владата.

Инаку, Зијад Беќировиќ е автор на серија анализи во кои тврди дека Македонија е мета на напад од надворешни сили, со цел спречување, односно блокирање на евроинтегративниот пат. За случајот „Рекет“, тој тврди дека е меѓународна разузнавачка операција, која има за цел „разнишување“ на Владата во Скопје.

Телевизијата „Алфа“ вчера успеала телефонски да стапи во контакт со професорот Беќировиќ, кој ветил дека на прашањата ќе одговорел по електорнска пошта.

– Одам на ручек. Ќе бидам на ручек со ценет професор, па…
– А, дали може…
– По мејл. Пуштете ми ги прашањата по мејл, ќе ви одговорам. Не е проблем.

Но, „Алфа“ не добила одговор на прашањата.

ИФИМЕС ѝ е познат на јавноста по отворените лобирања преку анкети, трибини и други начини за Заев и за СДСМ и пред да дојдат на власт и потоа. Во предреферендумскиот период, ИФИМЕС објави анкета дека околу 64 проценти Македонци ќе излезат да гласаат, што беше далеку од тоа што се случи. Премиерот Заев, но и претседателот Пендаровски беа учесници на конференциите на Институтот, одржани изминатите месеци во Словенија.

Самиот автор на текстовите, Зијад Беќировиќ е обвинет од Словенечките медиуми дека заедно со градоначалникот на Копер, испумпувале пари од буџетот на градот за студии – плагијати, кои потоа ги делеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.