Истрефи е член на Централниот одбор на партијата на Зијадин Села, а од 1996 до 2005 година бил и претседател на Советот на Општина Велешта. Идри Истрефи од струшкото село Велешта е кандидатот на Алијанса за Албанците и на Алијанса за градоначалник на Струга на претстојните локални избори.

Тој по професија е електроинженер и вработен е во ЕЛЕМ. Во неговата биографија е наведено дека е член на Централниот одбор на партијата на Зијадин Села, а од 1996 до 2005 година бил и претседател на Советот на Општина Велешта.

Негов противник ќе биде актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, како кандидат на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.