Премиерот Зоран Заев и едно НОМ во заграда. Вака стои на столчето резервирано за премиерот во заминување на Самитот на НАТО во Лондон.

Прашањето кое прва го постави активистката Ана Дуковска, а кое денес го поставува и целата македонска јавност е: Која е таа земја НОМ?

Според договорот кој самиот Заев го потпиша, кодовите и кратенките „на Втората страна“ се менуваат само за регистарските таблички, или поточно:

Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација за стандардизација (ИСО), е наведено во Преспанскиот договор.

Според ова, наместо NOM, што веројатно е кратенка од North Macedonia, во Лондон мора да стои MKD или МК.

Но, како што безброј пати предупредуваа експертите, Договорот носи многу вакви нус појави на кои допрва „ќе се чудиме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.