Во најавеното продолжение од снимката, на која се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од домот на Орце Камчев во Злокуќани, јавноста ќе го чуе и гласот на Катица Јанева, што во целост ќе ја потврди нејзината улога во аферата и ќе го сруши кредибилитетот на СЈО, дознава „Сведок“ . Наскоро ќе го чуеме разговорот помеѓу Боки 13 и Катица Јанева, каде што таа ги убедува дека работата ќе биде завршена.

Ич да не се секирате, обвинителката Лиле Стефанова е целосно под моја контрола, вели Јанева.

Денеска обвинителката Лиле Стефанова, која ја водеше истрагата за „Империја“ во која осомничен Орце Камчев, рече дека утрово првпат ја видела снимката и дека сите документи за притвор и решенијата во случајот ги потпишувала Катица Јанева.

Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата, изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Италијанскиот новинар во „Ла Верите“, Ларис Гајзер, пак, кој денеска ја објави оваа снимка, вели дека ова е само прв дел од неговата истражувачка сторија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.