Новата Влада планира во следните четири години да отвори 80 отсто од поглавјата во преговорите за влез во Европската Унија и да ги донесе европските стандарди дома.

Ова, меѓудругото, се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година, во која Владата се заложува и дека ќе продолжи со реформите во клучните области – владеењето на правото и изградбата на функционална демократска држава – реформа во правосудството, реформа на јавна администрација, реформи во безбедносните служби и борба против организиран криминал и корупција.

-Владата на Република  Македонија има амбициозен, но реален план: да ги заокружи преговорите што поскоро и што поуспешно и да стане држава членка на ЕУ при првиот нареден бран на проширување. Во 2020 година ги започнуваме преговорите за членство и убедени сме дека нашата држава има капацитет, способност и волја до 2024 година во мандатот на оваа Влада да отвори 80 отсто од поглавјата и да биде најмалку на исто ниво на интеграција со државите од Западен Балкан кои во моментот преговараат за членство со ЕУ, стои во Програмата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.