Повеќе од две третини од граѓаните ќе гласаат за влез на  Македонија во НАТО доколку утре се одржи референдум, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за емисијата „Детектор“ на Сител телевизија го изработи Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 67,3 отсто од анкетираните ќе дадат поддршка за членство во НАТО доколку утре би се организирал референдум по ова прашање. Скоро 14,6 отсто од граѓаните велат дека ќе гласаат против, додека 18,1 отсто немаат одговор.

Во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања Скопје ја изработи за Детектор
во февруари годинава, не се забележуваат значајни промени.

Намален е бројот на граѓани кои би дале поддршка, но за уште поголем процент се намалил и бројот на оние кои би гласале против.

Па така, од 70,1 отсто во февруари бројот на граѓани кои на рефернедум би гласале за влез во НАТО
паднал на 67,3 отсто. Истовремено од 18,1 отсто во февруари, бројот на оние кои на референдум би
гласале против се намалил на 14,6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.