Како што дознава „Република“, иако на одбраната и денеска не им биле доставени сите докази за кои судијата Илија Трпков минатиот пат ги задолжи обвинителката Вилма Рускоска и нејзиниот тим, сепак адвокатите на обвинетите во најновиот случај за настанитe од 27 април не дозволија да се одложува ова рочиште.

Со ова паѓаат во вода тврдењата на Рускоска дека одбраната сакала да го одложи рочиштето, тие тоа не го сторија иако тоа беше опција поради неажурноста на обвинителството инеисполнетите законски обврски кон нив.

Нашите извори велат дека е логично лица кои се на обвинителната клупа без докази, посебно во случај во кој со само 7 сведоци Рускоска сака да затвори 6 луѓе, да не дозволат обвинителстовото да манипулира со јавноста претставувајќи ги како попречувачи на правдата.

Според фактите, но и генералното расположение меѓу народот видливо по улиците, проблем за вистинска правда е токму Рускоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.