Во време кога СДСМ ја држи централната власт и најголемиот дел од општините, а и директорите на училиштата се поставени од СДСМ, министерката за образование Мила Царовска вели дека многу капитални проекти во училиштата не се реализираат поради тоа што немало комуникација со општините па така парите останувале непотрошени и училиштата нереновирани.

„Треба да има комуникација помеѓу директорите на училиштата и општините. Не Станува збор за пари. Министерството за образование и наука со години не ги троши парите за капитални инвестиции и има ниска реализација на буџетот заради ваквите технички работи и треба да се согласите со општините дека тие прават една работа вие правите друга работа и интензивно работите на имплементација, не можете да инвестирате во објект кој не е на Владата, тие се објекти на општините, различни власти сме“, изјави Царовска за време на нејзиниоти гостување во Клик Плус на ТВ21.

Таа зборувајќи за тоа како и за колку време можат да се решат проблемите во училиштата кои немаат ниту минимални услови за оддржување настава заради немање тоалети, кровови, греење итн, проблеми кои во европските земји се надминати уште на почетокот на 20 век, не беше многу оптимист во одговорот па рече дека овие прашања би се затвориле за десет години.

„Јас мислам дека во наредните десет години, ако работиме по план ќе се затворат и овие прашања“, рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.