Иако Филипче ја најави пред три месеци се уште не ја објавил анализата за смртноста од ковид 19.

Во текот на целата корона-криза Македонија е лидер по смртност во регионот и во првите пет во Европа.

Одговорајќи на новинарски прашања, владиниот портпарол рече дека најголем дел од КОВИД пациентите во земјава кои починале, имале и други болести што долнително ја влошиле нивната здравствена состојба. Се води, рече Арсовски, комплетна евиденција и дополнително ќе биде објавена детална анализа за целиот период, од почетокот на пандемијата.

Околу 90 отсто имале најмалку една до две други болести, најчесто кардиоваскуларни, пулмолошки болести на бубрезите, дијабет, карцином во понапредна фаза или тешка хирурша интервенција. Министертствто за здравство и Институтот за јавно здравје водат евиденција за возраста, полот и местото на пациентите кои починале во болниците, а биле позитивни на КОВИД, како и за коморбидитетие. Дополнително, центрите за јавно здравје праѓаат извештаи за лицата починати дома со истите овие податоци. МЗ и ИЈЗ имаат комплетна евиденција за морталитетот на сите починати од КОВИД, напомена владиниот портпарол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.