85 отсто од починатите пациенти од ковид-19 се со коморбидитети, а за оние што доаѓаат доцна, многу тешко е да се каже зошто доцна доаѓаат на лекување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренцијата која ја одржа заедно со д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство појасни дека се завршуваат анализите за смртноста и дека огромен процент од пациентите се со коморбидитети, односно тешка форма на хронична болест, но и такви што доаѓаат во болница со многу тешка клиничка слика.

На новинарско прашање во врска со обвинувањата дека семејствата тврдат дека пациентите се починати и од други болести и причини, односно дека имале тешки заболувања од кои се лекувале долго време, а се пишуваат како починати од ковид-19 ако биле позитивни на вирусот, Филипче одговори дека тоа е така.

Тоа е навистина така, но останавме доследни на тоа што го кажавме од почетокот, дека и покрај сериозната болест, сепак ако се заболени од ковид-19, се впишуваат во таа статистика на починати од ковид-19. Тоа е битно за да имаме реална епидемиолошка слика“, одговори Филипче.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.