Адвокатот Стеван Павлески, со кого специјалната обвинителка Катица Јанева вчера беше на распит во ОЈО е пред домот на Јанева во Козле, од каде пед половина час, таа беше качена во полициско возило.

Според првичните информации Јанева е на информативен разговор по налог на обвинителката Вилма Рускоска.

Павлески е бранител и на бизнисменот Цветан Панделевски, осомничен во случајот на СЈО „Империја“. Исто така, Павлески му е бранител и на екс директорот Љупчо Ѓорѓиевски, обвинет во случајот „Траекторија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.