ремиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески.

– Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, напиша Заев.
Премиерот посочува дека сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат. Ова, како што појасни тој, особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.
– Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на Општина Струга, наведува премиерот Заев во објавата на Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.