Република Македонија својот кандидатски статус го стекна во далечната 2005 година, значи точно пред 14 години. Оваа година ја добивме десеттата по ред препорака од страна на ЕК за почеток на преговорите, рече денеска поранешниот претседател и премиер на Република Македонија Бранко Црвенковски на регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“, што се одржа во Скопје.


Црвенковски се осврна на тоа оти девет пати претходно препораката не беше прифатена и, како што рече, стравуваме оти тоа може да се повтори и по десетти пат на јунскиот Самит.

Во обраќањето поренешниот претседател и премиер не го спомна новото име на државата, а во неколку наврати ги користеше термините „македонски народ”, „Македонија”, „Македонска Влада“, што претставува силна порака од поранешниот претседател и искусен политичар.

Недобивањето датум за почеток на преговорите во јуни ќе предизвика големо разочарување, но и сериозно нарушување на кредибилитетот на ЕУ и на македонската Влада во очите на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата земја, потенцира Црвенковски.

Црвекновски истакна и дека отстапката со уставното име била болна и драматична сè со единствена цел, да се одблокира пристапот кон Унијата.

Минатата година,  се потпиша Преспанскиот договор, со што се елиминираше најголемата пречка во процесот на нашето евроатланстко интегрирање. Промената на нашето уставно име и тоа за севкупна употреба беше болна и драматична за голем број наши граѓани што се потрврди и на референдумското изјаснување, нагласи Црвекнковски.

На конференцијата во чиј фокус беше проширувањето на ЕУ учествуваа поранешни лидери на сите земји од регионот. Едногласни беа пораките дека земјава заедно со Албанија заслужува датум за отпочнување на преговори.

Учесниците на конференцијата усвоија заедничка декларација со која ја повикуваат Европската Унија да ги поддржи напорите на земјите-аспиранти од Западен Балкан. Документот ќе биде испратен до највисоките институции на Унијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.