Како и во првиот круг, проблеми во кумановската населба Ајдучка Чешма. Забележано е присуството на член на личното обезбедување на висок функционер, кој шета по гласачките места, заплашува и врши притисок.

На фотографијата е снимен пред избирачко место 1059 – населба Ајдучка Чешма.

Истиот член на обезбедувањето, кој воедно е и возач на високиот владин функционер, беше задолжен за спроведување „ред“ во оваа населба и во првиот круг.

Во оваа населба во првиот круг беше орворан изборниот материјал пред почетокот на гласањето, односно во саботата на изборниот молк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.