И општина Карбинци е додадена на списокот на општини кои ќе бидат под 80-часовен полициски час.

Владата прати дополнение на одлуките од 60. седница во кое објави дека Карбинци е дел од градовите кои викедонт ќе го минат во карантин. Забраната за движење од утре 21:00 до понеделник 05:00 часот ќе важи за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите други градови полицискиот час утре ќе почне во 21:00 часот и ќе трае до петок 05:00 часот, а потоа секој ден ќе трае од 16:00 до 05:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.