По усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент, британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант порача дека ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница.

Обединетото Кралство силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа. Ова е историски момент за Македонија. Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината, се вели во пораката од Хант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.